Оттаму очекуваат дека овие редукции нема значително да влијаат на комфорот на потрошувачите, односно нема да има намалување на температурите во становите пониски од 20+1 Целзиусов степен
Од денеска до 5 април ќе има минимални редукции на испораката на топлинската енергија кај корисниците на ЕСМ Снабдување со топлина и ЕСМ Енергетика во Скопје, информираат од АД ЕСМ.

Причина за тоа, како што се вели во соопштението од АД ЕСМ, е ограничувањето на природен гас од Бугарија кон Македонија, што според дистрибутерот „Номагас“, е поради изведување ремонтни зафати за време на грејниот период, на транспортните системи за пренос на природен гас на земјите од Југоисточна Европа и гасоводот „Турски тек“.
„Очекуваме дека овие редукции нема значително да влијаат на комфорот на потрошувачите, односно нема да има намалување на температурите во становите пониски од 20+1 Целзиусов степен“,
велат од АД ЕСМ.
За дополнителни информации, потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа за корисници на телефонските броеви: (02) 3076 200 и 075 400 100 во „ЕСМ снабдување“ и на (02) 3104 872 и (02) 3104 816 во „ЕСМ енергертика“.