Тој додава дека верува оти оваа влада има волја и дека луѓето од Северна Македонија го имаат капацитетот за да го сторат она што треба да станат полноправна членка на ЕУ
Зборувајќи во контекст на целиот регионот во врска со процесот на зачленување во ЕУ, американскиот дипломат вели дека би сакал да го види процесот да се движи побрзо
Заменик-помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања Габриел Ескобар е голем оптимист во врска со евроинтеграцискиот процес на С Македонија, за која вели дека е многу добар пример за мултиетничка граѓанска држава и добар пример за другите држави кои се соочуваат со истите прашања.
Ваквиот став Ескобар го истакнува во интервју за Атлантскиот совет дадено на почетокот на месецов, во кое го истакнува начинот на кој С Македонија се справила со кандидатурата за членство во ЕУ, за која вели дека е пример во регионот.
„Многу сум оптимистичен. Ако погледнете како Северна Македонија се справи со кандидатурата, таа е пример во регионот. Секогаш истакнувам дека во регион во кој има предизвици, интер и мултиетнички релации и мултиетничко управување, Северна Македонија се истакнува како многу добар пример како мултиетничка граѓанска држава и служи како добар пример за другите држави кои се соочуваат со истите прашања. Дополнително, тие сторија се, ги исполнија сите реформи, за да се отвори првата врата од пристапните преговори“,
вели Ескобар во интервјуто, одговарајќи на прашањето како гледа на евроинтеграцискиот процес на земјава.
Тој додава дека верува оти оваа влада има волја и дека луѓето од Северна Македонија го имаат капацитетот за да го сторат она што треба да станат полноправна членка на ЕУ.
Зборувајќи во контекст на целиот регионот во врска со процесот на зачленување во ЕУ, американскиот дипломат вели дека би сакал да го види процесот да се движи побрзо.
„Би сакал да ја видам Европа во Западен Балкан, сеедно дали ќе им дозволат место на масата, додека ги затвораат поглавјата, поголемо учество во европските структури, можеби како набљудувачи, можеби како кандидати, но дефинитивно ни треба повеќе Европа во регионот и, секако, ни треба повеќе Америка во регионот“,
категоричен е Ескобар.