Ердоган рече дека руските и турските енергетски власти ќе работат заедно за да ја одредат најдобрата локација за дистрибутивен центар за гас и додаваат дека турскиот регион Тракија, кој се граничи со Грција и Бугарија, се чини дека е најдоброто место
Ова следува откако рускиот претседател Владимир Путин вчера му кажа на турскиот колега оти Турција ја нуди најсигурната рута за испорака на гас до Европската Унија и му предложи земјата да се претвори во нов, како што рече, центар за снабдување
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека неговата влада и владата на Русија им наложиле на енергетските власти во нивните земји веднаш да започнат технички студии за рускиот предлог што ќе ја претвори Турција во центар кој ќе ја снабдува Европа со гас, пишува „Ал џазира“.

Ова следува откако рускиот претседател Владимир Путин вчера му кажа на турскиот колега оти Турција ја нуди најсигурната рута за испорака на гас до Европската Унија и му предложи земјата да се претвори во нов, како што рече, центар за снабдување.
Ердоган рече дека руските и турските енергетски власти ќе работат заедно за да ја одредат најдобрата локација за дистрибутивен центар за гас, додавајќи дека турскиот регион Тракија, кој се граничи со Грција и Бугарија, се чини дека е најдоброто место.
„Заедно со Путин ги задолживме нашето Министерство за енергија и природни ресурси и надлежната институција од Русија да работат заедно. Тие ќе ја спроведат оваа студија. Каде и да е најсоодветното место, се надеваме дека таму ќе го основаме овој дистрибутивен центар“,
рече Ердоган, кој во четвртокот се сретна со рускиот претседател на маргините на самитот во главниот град на Казахстан, Астана.
На состанокот во Казахстан, Путин му рекол на Ердоган дека центарот не само што ќе биде платформа за набавки, туку ќе биде насочен и кон одредување на цените на гасот, посочувајќи дека ова е многу важно прашање.
Предлогот на Путин доаѓа додека Русија сака да ја задржи својата енергетска поддршка од Европа, додека истовремено се обидува да ги пренасочи испораките од балтичките гасоводи „Северен тек“, кои не се во функција, а кои неодамна беа и оштетени. Одговорноста за оштетувањето на гасоводите се уште не е утврдена.
Русија испорачуваше околу 40 отсто од европскиот гас пред нејзината инвазија на Украина на 24 февруари, но нагло ја намали испораката, обвинувајќи ги техничките проблеми за кои рече дека се резултат на западните санкции.
Европските лидери, пак, го отфрлија тоа објаснување, обвинувајќи ја Москва дека ја користи енергијата како геополитичко оружје.