Претходно, од ЕМА наведуваа дека „бустер“ дозата може да се даде на возрасни најмалку шест месеци по целосната вакцинација со „Фајзер“, или шест до осум месеци по втората доза на „Модерна“
Европската агенција за лекови (EMA) денеска соопшти дека три месеци по ревакцината со втората антоковид доза е безбедно и ефикасно да се примат засилувачки дози.
„Податоците што моментално се достапни поддржуваат сигурно и ефикасно аплицирање на засилувачка доза три месеци од завршувањето на примарната вакцинација“,
изјави шефот за стратегијата за вакцини во ЕМА, Марко Кавалери.
Претходно, претставниците на ЕМА наведуваа дека „бустер“ дозата може да се даде на возрасни најмалку шест месеци по целосната вакцинација со „Фајзер“, или шест до осум месеци по втората доза на „Модерна“.