Капитенот и главна ѕвезда во составот на Еквадор, Енер Валенсија ја запечати судбината на домаќинот Катар, постигнувајќи два погодока доволни за победа на неговата селекција на отворањето на Светското првенство во фудбал. Со победата на Еквадор беше срушена традиција долга дури 92 години, односно за прв пат во историјата на Светските првенства, домаќиот е поразен на отворањето на натпреварувањето.
Веќе во третата минута Валенсија постигна погодок, но како резултат на минимален офсајд на неговиот соиграч Естрада, судијата одлучи да го поништи погодокот.
Капитенот на Еквадор, Енер Валенсија го постигна првиот гол на Мундијалот во Катар веќе во 15 минута од пенал и донесе водство на својата репрезентација, додека пак вториот гол дојде во 30 минута кога истиот играч со прекрасен удар со глава го зголеми водството на 0:2. До крајот на натпреварот немаше поголеми возбудувања.

Во вториот натпревар од оваа група ќе играат Холандија и Сенегал утре со почеток од 17 ч. За утре се закажани и дуелите од групата Б помеѓу САД и Велс и Англија и Иран.