Сите повредени се префрлени на лекување во болница во јужниот дел на Косовска Митровица
Во експлозија на плинска боца во куќа во Косовска Митровица, повредени се 13 лица, соопшти косовската полиција.
Сите повредени, меѓу кои има и деца, се префрлени на лекување во болница во јужниот дел на Косовска Митровица.
Експлозијата се случила околу 16 часот и 30 минути, а според првичните информации била предизвикана од неисправна плинска боца, пренесува „Телеграф“.