Ова го изјавил европскиот комесар за правда Дидие Рејндерс во интервју за Франс 24, пренесува Данас
Европската комисија подготвува список со лични, економски и енергетски мерки против Русија во случај на нејзин напад врз Украина.
Ова го изјавил европскиот комесар за правда Дидие Рејндерс во интервју за Франс 24, пренесува Данас.
Тој рече дека Европската комисија подготвува мерки кои би можеле да вклучат индивидуални санкции за „луѓето вклучени во можна агресија – како што е замрзнување на нивниот имот или забрана за патување“.
Дополнително, оваа листа може да вклучува „специфични економски санкции: трансфер на технологија од Европа и во координација со САД; енергија, а можеби и финансиски услуги“.
„Се е на маса“,
рече Рејндерс, мислејќи на пакетот нови санкции на ЕУ против Русија.
Сепак, „деескалацијата преку дипломатија“ останува, вели тој, приоритет на Унијата во украинската криза.