Откако денеска, на повредите им подлегнаа маж и 11 годишно девојче, вкупниот број на палестински жртви во конфликтот кој избувна минатата недела помеѓу припадниците на организацијата Исламски џихад и Израел се искачи на 48, а во меѓувреме две деца на возраст од 8 и 14 години се борат за живот во болница во Ерусалим.
Во воениот судир, биле ранети повеќе од 300 Палестинци а со смртта на девојчето Лајан ал-Шаер во болницата Муасед во арапскиот кварт во Ерусалим, бројот на убиени деца во конфликтот се зголеми од 17.
Израел објави дека 16 лица загинале поради неуспешното истрелување ракети од страна на палестинските екстремисти, кои паднале во Појасот Газа, а од таму кажаа и дека ниту еден израелец не е убиен ниту тешко повреден во конфликтот.
Благодарение на посредништвото на Египет, прекинот на огнот стави крај на насилствата во кои беа убиени и двајца лидери на движењето Исламски џихад, а по безбедносната проценка, беа отворени и граничните премини меѓу Израел и Појасот Газа за хуманитарна помош.