Неофицијално, регионалните медиуми објавија дека починатиот е од претходно познат на полицијата и правосудните органи
Едно лице загина во престрелка што вечерва се случи во Бања Лука.

Пукањето се случило на паркингот пред ресторанот „Стара Ада“ во населбата Ада во Бања Лука. Неофицијално, регионалите медиуми објавија дека починатиот е од претходно познат на полицијата и правосудните органи.
Полицијата и натаму трага по сторителот.
За случајот е известено Окружното јавно обвинителство Бања Лука, а истрагата е сè уште во тек.
Пред угостителскиот објект каде што се случило убиството во моментов има голем број полициски службеници кои ги контролираат сите возила кои минуваат на улицата пред ресторанот.