Во несреќата се судриле два автомобила со струмички регистрации, а возачот на едно од возилото загинал

Едно лице загина, а едно е повредено во сообраќајна несреќа што се случи синоќа околу 21:45 часот кај Струмица.
Несреќата се случила на магистралниот пат Струмица – Ново Село, на излезот од селото Дабиле кон Босилево, помеѓу два автомобила со струмички регистарски таблички – „фиат“ управуван од 31-годишник од селото Костурино и „мерцедес“ кој го управувал 47-годишник од Бориево.
Загинатиот е возачот на „мерцедесот“, а смртта ја констатирале лекарите од струмичката болница.
Увид на местото на несреќата синоќа извршиле и екипа од струмичката полиција и обвинител од ОЈО Струмица.
