Во соопштението од српското Министерство за внатрешни работи се наведува дека експлозијата се случила денеска околу 9 часот за време на работниот процес во објект за производство на горивна лента
Едно лице загина, а четворица се повредени во експлозија во фабриката „Трајл“ во Крушевац.
Повредените лица со возило на Итна медицинска помош се префрлени во Општата болница во Крушевац.
Во соопштението од српското Министерство за внатрешни работи се наведува дека експлозијата се случила денеска околу 9 часот за време на работниот процес во објект за производство на горивна лента.
По експлозијата избувнал пожар кој е локализиран, а на местото на настанот се наоѓаат припадници на полициската управа Крушевац и на Итната помош.
Фабриката „Трајл“ во Крушевац се занимава со производство на експлозиви и пиротехнички средства.
Како што пренесува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ), во експлозија што се случила во оваа фабрика во 2008 година биле повредени седум работници.