На 11 март 2020 СЗО прогласи пандемија од САРС Ков -2 вирусот, од кој досега во светот починаа над 2,6 милиони луѓе
Помина една година откако Светската здравствена организација прогласи глобална пандемија. Тоа се случи на 11 март лани откако во светот беа потврдени 121 500 случаи со новиот и малку познат коронавирус кој доби име SARS Cov 2.
За само 365 дена оваа бројка се зголеми за на речиси 120 милиони, а вирусот се прошири на сите континенти и речиси во сите земји.
Она што може да се каже од денешната дистанца е дека нормалниот живот е нарушен, а милиони луѓе починаа.
Која земја има најлоша стапка на смртност?
Според статистиката на Универзитетот „Џонс Хопкинс“, САД имаат стапка од 161,5 смртни случаи на 100 000 луѓе, што ја позиционира на првото место на црната листа со 534 315 починати од вкупно 2 648 320 во светот.
Јужна Америка исто така е тешко погодена од пандемијата – со Мексико каде има малку пониска стапка од 152 смртни случаи на 100 000 луѓе ( 194 490 починати) и Бразил со стапка од 128,1 смртни случаи на 100 000 луѓе (277 102 починати).
Перу има 150,6 смртни случаи на 100 000 луѓе, додека Аргентина 119,7 смртни случаи на 100 000 луѓе.

Европа исто така беше лошо погодена од коронавирус – со тоа што најмногу се во Велика Британија со 188,3 смртни случаи на 100 000 луѓе.
Италија има 166,8 смртни случаи на 100 000 луѓе, а Чешка е 210,7 смртни случаи на 100 000 луѓе.
За Кина, од каде потекна пандемијата, има 0,3 смртни случаи на 100 000 луѓе.
Глобалниот број на жртви на ковид-19 ескалираше брзо во текот на изминатата година, со тоа што заклучно до денеска претпладне (иако таа бројка постојано се менува) бројката е 2 648 320 лица кои починаа во пандемијата.
Пред една година и сега
Податоците на универзитетот „Џонс Хопкинс“ покажуваат дека на 9 март оваа година се регистрирани 117 557 807 случаи со коронавирус на глобално ниво, додека на истиот овој ден пред една година имало 114 219 инфекции.
Најмногу заразени има во САД, 29 400 559 случаи, потоа следи Бразил со 11 439 558 заразени, Индија со 11 359 048, Русија со 4 331 396, Велика Британија со 4 267 015 случаи….
Состојба во Европа
Велика Британија води во Европа и по бројот на заразени и по бројот на смртни случаи. По неа е Италија со 10 0811 смртни случаи и има 3 123 368 заразени, Франција со 89 707 смртни случаи и над 4 милиони заразени, Германија со 72 655 починат и над 2,5 милиони заразени…
Анализата на податоците од Универзитетот „Џонс Хопкинс“, покажува дека бројот на новоозаразени расте во три четвртини од европските земји, а најголемо зголемување има во централна и источна Европа.