Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Велес доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот со цел негово обезбедување во текот на постапката
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик, информираат од Обвинителството.
Како што соопштија оттаму, осомничениот 54-годишник, во двор од куќа во Велес, неовластено за продажба држел речиси 11 килограми опојна дрога опиум спакувана во повеќе помали пакувања. Дрогата му била пронајдена и одземена при претрес.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Велес доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот со цел негово обезбедување во текот на постапката.