Полицијата веднаш интервенирала по пукањето и ја спречила понатамошната закана за јавноста
Најмалку едно лице е убиено, а три други се повредени во пукање во супермаркет од синџирот „Волмарт“ во Биверкрик, во државата Охајo во САД, пренесува локална телевизија.
Очевидци, во изјава за локалните медиуми, велат дека маж отворил оган со автоматска пушка.
Полицијата веднаш интервенирала на пукањето и ја спречила понатамошната закана за јавноста.
„Зградата е безбедна и во овој момент нема активна закана“,
се вели во полициската објава на платформата Икс.
Како што пренесува агенцијата Танјуг, напаѓачот се самоубил, а мотивот за нападот засега не е познат.
Портпаролот на локалната болница изјави дека тројцата повредени се згрижени во центарот за траума.
Канал на платформата Икс, кој пренесува вонредни вести, објави видео од полициската интервенција.
?#BREAKING: Gunman opens fire on shoppers inside a Walmart Multiple people have been shot
— R A W S A L E R T S (@rawsalerts) November 21, 2023
⁰?#Beavercreek | #Ohio
Currently, multiple law enforcement and emergency crews are on the scene after male suspect with a rifle entered inside Walmart store in Beavercreek, Ohio, and… pic.twitter.com/TOhn9GXhtO