Во болните во земјава се лекуваат 10 пациенти, од кои четворица во Хируршките клиники „Свети Наум Охридски“, по еден пациент на Клиниката за токсикологија, на Клиниката за детска хирургија, на Клиниката за пулмологија и во „ГОБ „8 Септември“. Двајца пациенти се сместени во приватната болница „Систина“
Едно од повредените лица во пожарот во Кочани, што беше на лекување во Бугарија, денеска се враќа во земјава, сооштија од Министерството за здравство.
Во странство, во мoментот, се хоспитализирани 55 пациенти.

„Останува непроменета состојбата на пациентите што се третираат во странство, вклучително и за критичните пациенти“,
се вели во соопштението од МЗ.
Во болните во земјава се лекуваат 10 пациенти, од кои четворица во Хируршките клиники „Свети Наум Охридски“, по еден пациент на Клиниката за токсикологија, на Клиниката за детска хирургија, на Клиниката за пулмологија и во „ГОБ „8 Септември“. Двајца пациенти се сместени во приватната болница „Систина“.
Четири повреди лица од пожарот во Кочани, а кои беа хоспитализирани во Хрватска, Шведска и Италија, вчера се вратија во земјава.
Претходниот ден, пак, четворица пациенти што беа хоспитализирани во софиската болница „Пирогов“ беа пуштени на домашно лекување.
Од Министерството за здравство велат дека континуирано се следи состојбата со повредените пациенти, со цел обезбедување најдобар можен третман, како и понатамошна рехабилитација.
Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна рано наутро на 16 март. Во трагедијата животот го загубија 61 лице, а близу 200 беа повредени.