Бројот на ноќевања во октомври изнесувал 211 611, од кои 32,5 отсто се од домашните, а 67,5 отсто од странските туристи
Македонија годинава бележи зголемен број на странски туристи, објави Државниот завод за статистика (ДЗС).
Според податоците на ДЗС, во земјава во октомври годинава се евидентирани 107 672 туристи, од кои 25,8 отсто се домашни, а 74,2 отсто се странски.
Бројот на ноќевања во октомври изнесувал 211 611, од кои 32,5 отсто се од домашните, а 67,5 отсто од странските туристи.
Во периодот од јануари до октомври 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 8,8 отсто. Кај домашните туристи има намалување за еден отсто, а кај странските зголемување за 14,7 отсто.
Бројот на ноќевањата, пак, од јануари до октомври, во однос на истиот период лани, е зголемен за 5,5 отсто и тоа кај домашните туристи има зголемување за 2,1 отсто, а кај странските за 9,9 отсто.