Според податоците на Статистика, забележан е раст од 9,1 отсто кај трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун
Во мај годинава, во однос на истиот месец лани, реалниот промет во групата „Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун“ е зголемен за 9,1 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС).

Во истиот период, номиналниот промет во оваа група е зголемен за 15 отсто.
Во делот „Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво“, номиналниот промет е намален за 3,6 отсто, додека реално е забележан раст од 1,6 отсто.
Кај „Трговија на мало, освен трговија со горива“, е евидентиран раст од шест отсто номинално и 6,2 отсто реално.
Во категоријата „Трговија на мало со автомобилски горива“ прометот е зголемен за 36,2 отсто номинално и 14,7 отсто реално.
