До 20 часот вчера, во рамки на пописот што се спроведува во земјава, попишани се вкупно 711 418 лица, 221 268 домаќинства и 297 085 станови, информираат денеска од Државниот завод за статистика (ДЗС).
Пописот започна на 5 септември и ќе трае до 30 септември.
Пред два дена, директорот на ДЗС, Апостол Симовски, изрази задоволство и рече дека пописот се одвива со посакуваниот интензитет и последните денови се одвива без никакви проблеми по претходните технички проблеми кои се надминати.