Во тешка сообраќајна несреќа на патот Гостивар – Кичево, во близина на селото Зајас загинаа две жени од Тетово. До несреќата дошло кога директно се судриле камион со тетовски регистарски таблички и патнички автомобил „голф“ во кој сега починатите жени биле сопатнички.
„На 20.08.2022 година во 09,15 часот, на магистралниот пат Гостивар -Кичево кај кичевското село Зајас, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно моторно возило „мерцедес” со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.И.(58) и патнички автомобил „голф” со тетовски регистарски ознаки, управуван од А.И.(78), двајцата од Тетово. На местото на несреќата, на повредите им подлегнала Т.В.(54) од Тетово додека во амбулантно возило, на пат кон Ургентниот центар во Скопје, починала С.Ц.(75) од Тетово, двете сопатнички во второто возило“,
се вели во соопштението од МВР.
Инаку вчера околу 18 часот во Кичево, 20-годишник со автомобил прегазил постара жена во центарот на градот, по што таа им подлегнала на повредите.