Две недели по парламентарните избори во земјава (12 април 2020) и граѓаните на Србија ќе излезат на гласање.
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска ги распиша парламентарните избори за 26 април 2020.
„Ќе има доволно време секој да ги претстави своите програми. На сите им посакувам успех“,
рече Вучиќ.
Тој изјави дека „секако дека ќе има повисоки тонови и страсти, секогаш имало, но важно е сè да се одвива во демократска атмосфера и во мир. Ги повика граѓаните да гласаат.
„Ги молам граѓаните да земат учество на изборите, да покажат сериозност и одговорност кон својата земја. Убеден сум дека на најдобар можен начин ќе го изберат патот за својата и иднината на своите семејства, а пред сè за нашата Србија“,
порача Вучиќ.
Во ист ден во Србија ќе се одржат и локални избори. Нив, исто така денеска, ги распиша претседателката на српскиот парламент Маја Гојковиќ.