Две дечиња попладнево ги загубија животите во пожар што избил на улицата „Брсјачка“ во скопската општина Шуто Оризари.
Според првичните неофицијални информации, дечињата биле на возраст од три и една ипол година.
Пламените јазици опфатиле неколку околни куќи, а надлежните екипи веднаш излегле на терен.
На местото на несреќата излегол и премиерот Оливер Спасовски, кој преку социјалните мрежи ја потврди информацијата дека загинале две малолетни деца.
„Заедно со претставници на институциите, бевме во посета на местото каде што се случи пожар во семејна куќа во Шуто Оризари, во која загинаа две малолетни деца. Изразувам длабоко сочувство до семејството, градоначалникот и граѓаните на Шуто Оризари, за големата трагедија што се случи. Ќе направиме сѐ што е потребно да обезбедиме првична помош за семејството уште денес, сместување и финансиски средства, а дополнително ќе разговараме за подобрување на инфраструктурата, за во иднина да не ни се случуваат вакви немили настани“,
се огласи Сопасовки.
Во МВР е пријавен случајот, но засега нема информации кои се причините за настанување на пожарот.