Две лица се убиени рано изутрина во грабеж на казино на магистралниот пат Скопје – граничен премин Блаце, дознава „360 степени”. Од МВР, каде се обративме за повеќе детали, засега нема официјална информација.
Неофицијално, настанот се случил во казиното „Вегас” меѓу 4 и 5 часот наутро. Група маскирани и вооружени лица влегла во објектот, пукала, ги украла парите од прометот и побегнала. Притоа, смртно биле застрелани две лица.
Повеќе детали за крвавиот настан очекуваме од МВР.
Казиното „Вегас” и во минатото беше мета на грабежи.