Полицијата доцна попладнево привела две лица поради сомнеж дека испратиле лажна дојава за бомба во трговскиот центар „Сити мол“. Од МВР велат дека приведените се на возраст од 19 години и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава за нив.
Лажната дојава за бомба во шопинг-центарот пристигна до полицијата денеска во 12:10 часот, по што единицата за антитероризам веднаш го евакуираше и детално го пребара цел трговски центар, но бомба не најде. Неколку часа беше забранет влез во објектот, а стопиран беше и сообраќајот на околните улици.