Две лица загинаа, а седуммина се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи ноќеска околу 23 часот на крстосницата меѓу булеварот „Србија“ и булеварот „Борис Трајковски“. Во несреќата се судриле пет возила, сите со скопски регистарски таблички.
Според информации од полицијата, станува збор за „фолксваген пасат“ управуван од Р.А. (50) од Студеничани, „мерцедес“ управуван од Х.С. (28) од Скопје, „фолксваген шаран“ управуван од З.И. (30) од с. Студеничани, „хјундаи аксент“ управуван од О.А. (25) од с. Батинци, Скопско и патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Б. (39) од Скопје.
На самото место на несреќата починале 28-годишниот Х.С. и 50-годишниот Р.А. од Студеничани. Останатите седуммина сопатници со телесни повреди, меѓу кои и две деца, биле пренесени на скопските клиники.
По укажаната лекарска помош, 25-годишниот О.А. од Батинци бил задржан во полициска станица.