Министрите за внатрешни работи и правда од Јордан беа принудени да поднесат оставки бидејќи вечерале во ресторан и со тоа ги прекршиле мерките во борбата против епидемијата од коронавирусот.
Тие официјално се обвинети за прекршување на законот за вонредни ситуации. Првиот човек на јорданската полиција, Самир Мобидин, заедно со неговиот колега од секторот правда, Басам Талуни, и уште седум лица вечерале во ресторан прекршувајќи ги мерките, бидејќи законот дозволува групирање најмногу до шест лица.
Поради зголемување на бројот на заразени со ковид-19, во Јордан повторно е забрането луѓето да ги напуштаат своите домови доколку немаат итна потреба за тоа. Во оваа земја со 10 милиони жители, има 386 илјади случаи на ковид, а досега починале 4 675 лица.