Министерството за внатрешни работи информира дека се расчистени десет кражби извршени од двајца малолетници на подрачјето на Кочани. Меѓу сторените дела се и седум тешки кражби на дрзок начин
Од МВР велат дека вчера, по претходно добиени оперативни сознанија, во ОВР Кочани се повикани малолетник од Кавадарци со претставник од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа и малолетник од Кочани со неговиот родител, поради постоење основи на сомнение дека малолетниците извршиле кривични дела од областа на имотните деликти.
„Покрај обезбедените докази дека двајцата во периодот од 22 до 29 јули годинава сториле десет кривични дела на подрачјето на ОВР Кочани, и тоа: седум „тешка кражба на дрзок начин“, една „тешка кражба во обид“ и две кривични дела „кражба“, при извршените службени разговори тие ги појасниле делата“,
велат од полицијата.
По документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.