Фудбалскиот клуб „Македонија Ѓорче Петров“соопшти дека има двајца фудбалери позитивни на коронавирусот.
„Им посакуваме побрзо враќање на тренинзи на нашите два играчи позитивни на Ковид-19. Играчите се дома и во добра состојба и истите немаа никакви симптоми изминативе денови“,
споделија од клубот.
Од таму информираат дека ги откажуваат откажува пријателските натпревари со „ФК Работнички“ и „ФК Академија Пандев“ се до следната недела кога ќе се спроведе повторно тестирање на целата екипа.
„Сакаме да покажеме одговорност и пример како треба сите клубови да се однесуваме во време на пандемија! Апелираме до сите клубови да не играат натпревари без тестирање“ ,
се додава во соопштението.