Двајца анестезиолози од ГОБ „8 Септември“ побарале отказно решение поради трансфер на работно место во приватната болница „Систина“, пишува „Фокус“. Информацијата за Канал 5 ја потврдил и директорот на болницата Кристијан Костов.
Од вкупно 13 анестезиолози во ГОБ „8 Септември“, двајца ќе заминат на работа во приватната болница во екот на пандемијата предизвикана од ковид-19.
Заклучно со вчерашните податоците на Министерството за здравство за состојбата со ковид-19 во земјава, во „8 Септември“ се хоспитализирани 123 лица од кои петмина се на респираторна машина.