Тие наведуваат дека страдањето на цивилите во Газа сè повеќе ескалира, а моделот на управувањето на Израел со хуманитарната помош го оценуваат како опасен бидејќи довел до убиства и страдање на голем број цивили кои бараат храна и вода
Во заедничката изјава, исто така, се осудува и натамошното држење заложници од страна на Хамас кои беа заробени за време на нападот на милитантната група на јужен Израел на 7 октомври 2023 година
Министрите за надворешни работи на 28 земји преку заедничка изјава бараат итно завршување на војната во Газа, истовремено упатувајќи критики до Израел за начинот на постапување при распределбата на хуманитарната помош наменета за населението во Појасот, пренесоа светските медиуми.

„Војната во Газа мора за заврши сега“, се вели во првата реченица од изјавата, а која повикува и на ослободување на заложниците што сè уште држат во Појасот од страна на Хамас.
Зад декларацијата застанаа, односно ја потпишаа министрите за надворешни работи на Австралија, Австрија, Белгија, Канада, Данска, Естонија, Финска, Франција, Ирска, Исланд, Италија, Јапонија, Латвија, Литванија, Луксембург, Нов Зеланд, Холандија, Норвешка, Полска, Португалија, Шведска, Швајцарија, Словенија, Шпанија и Велика Британија.
Како потписник е наведена е еврокомесарката за отпорност, хуманитарна помош и управување со кризи и за родова еднаквост Како потписник е наведена и Хаџа Лахбиб, еврокомесарка за родова еднаквост, подготвеност и управување со кризи, Хаџа Лахбиб.
Тие наведуваат дека страдањето на цивилите во Газа сè повеќе ескалира, а моделот на управувањето на Израел со хуманитарната помош го оценуваат како опасен бидејќи довел до убиства и страдање на голем број цивили кои бараат храна и вода.
„Страдањето на цивилите во Газа достигна нови длабочини. Моделот на испорака на помош на израелската влада е опасен, поттикнува нестабилност и ги лишува жителите на Газа од човечко достоинство. Го осудуваме хранењето по моделот капка по капка и нехуманото убивање на цивили, вклучувајќи деца, кои се обидуваат да ги задоволат своите најосновни потреби за вода и храна. Ужасно е што над 800 Палестинци се убиени додека бараат помош. Неприфатливо е што израелската влада им ја одзема основната хуманитарна помош на цивилното население. Израел мора да ги почитува своите обврски според меѓународното хуманитарно право“,
се наведува во декларацијата на 28-те земји.
Во меѓувреме, Министерството за здравство на Газа, управувано од Хамас, соопшти дека повеќе од 100 Палестинци биле убиени од израелски оган додека чекале храна во текот на викендот, а други 19 починале како резултат на неухранетост.
Во заедничката изјава, исто така се осудува и натамошното држење на заложници од страна на Хамас, кој беа заробени за време на нападот на милитантната група на јужен Израел на 7 октомври 2023 година.
„Заложниците кои сурово се држат во заробеништво од Хамас од 7 октомври 2023 година продолжуваат ужасно да страдаат. Го осудуваме нивниот континуиран притвор и повикуваме на нивно итно и безусловно ослободување. Договореното примирје нуди најголема надеж за нивно враќање дома и ставање крај на агонијата на нивните семејства“,
се наведува во изјавата.
Инаку од почетокот на војната пред 21 месец имаше повеќе изјави со кои се осудуваа израелските методи во војната, но последната според Би-би-си е особено значајна поради својата искреност.
„Апелираме до израелската влада веднаш да ги укине ограничувањата за протокот на помош и итно да им овозможи на Обединетите нации и на невладините хуманитарни организации безбедно и ефикасно да ја извршуваат својата работа за спасување животи.
Апелираме до сите страни да ги заштитат цивилите и да ги почитуваат обврските од меѓународното хуманитарно право. Предлозите за преместување на палестинското население во ‘хуманитарен град’ се целосно неприфатливи. Трајното присилно раселување е кршење на меѓународното хуманитарно право“,
се наведува во Декларацијата.
Портпаролот на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, рече дека е згрозен од сè полошите хуманитарни услови во Газа и дека последните коридори за одржување на луѓето во живот се пред колапс.
Од мај, кога Израел делумно ја ублажи 11-неделната блокада за испорака на помош за Газа, секојдневно има извештаи за Палестинци убиени додека чекаат храна.
Минатиот вторник, канцеларијата за човекови права на ОН соопшти дека регистрирала 674 убиства во близина на локациите каде работи Хуманитарната организација за Газа која беше формирана пред осум недели за да се премости системот на помош што го мониторираат Обединетите нации.
Уште 201 убиство е регистрирано по патиштата на конвоите на ОН и други конвои за помош, соопштија од светската организација.
Според Министерството за здравство на Газа, во саботата 39 лица беа убиени во близина на две локации на Хуманитарната организација за Газа во Кан Јунис и во близина на Рафа, додека во неделата, Министерството соопшти дека 67 лица биле убиени додека се движеле кон конвој камиони со помош на ОН во близина на пункт на северот на Газа.

Портпаролот на израелското Министерство за надворешни работи, Орен Марморштајн, ги отфрли критиките, наведувајќи дека се далеку од реалноста.
„Сите изјави и сите тврдења треба да бидат насочени кон единствената страна одговорна за недостатокот на договор за ослободување на заложниците и прекин на огнот – Хамас, кој ја започна оваа војна и ја продолжува“,
рече тој.
Израелската војска започна кампања во Газа како одговор на нападот предводен од Хамас врз јужен Израел на 7 октомври 2023 година, во кој беа убиени околу 1 200 луѓе, а 251 други беа земени како заложници.
Според Министерството за здравство на Појасот, оттогаш се убиени најмалку 59 029 луѓе, главно цивили.