Два силни потреса, првиот со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала во 6:24 часот, а вториот од 5 степени во 7:00 часот, го погодија денеска рано наутро Загреб и предизвикаа штети на некои згради. ХРТ јавува дека има и повредени. Имаше и трет удар со јачина од 3,7 рихтерови степени во 7:41 часот.
*поврзана вест Петнаесетгодишно дете жртва на земјотресите во Загреб
Епицентарот на првиот удар бил седум километри северно од Загреб, а на вториот – десет километри северно од градот.
Во некои делови од градот нема струја и вода.
Овие фотографии по земјотресите ги објавува хрватскиот јавен сервис ХРТ:


Од потресите паднал врвот од јужната кула на загрепската катедрала.


Во Загреб паѓале ормари, книги од полици и други предмети, испукале ѕидови, а силното тресење кое траело десетина секунди ги разбудило граѓаните, кои во голем дел се на улиците во страв од нови потреси.


