На плоштадот во Скопје попладнево се одржа протест за поддршка на палестинскиот народ. Групата која носеше транспаренти „Крај на опсадата“ , „Смрт на фашизмот“, „Слобода за Палестина“ беше организирана од социјалниот центар „Дуња“, од каде повикаа да престане иселувањето и узурпацијата на палестинските домови.

„Стоп за окупацијата на Газа. Стоп за бомбардирањето и стоп за присилното иселување. Нема место во 21 век за етнички чисти територии. Големите идеи за големи држави, етнички чисти треба да сотанат во минатото. После Белград, Сараево, Приштина и Љубљана и тука во Скопје го дигаме гласот во заштита на обесправените народи“
порача еден од учесниците на протестниот собир.

Организаторите на протестот се оградија од втората група демонстранти која пристигна на плоштадот со национални етнички знамиња и транспаренти на кои пишува „Ал Акса секогаш ќе ни значи“, „Моето срце е со Палестина“, „Стоп за крвопролевањето“.
Демонстарции со повици за прекин на нападите во Газа се одржаа во најголемите европски метрополи, вклучувајќи ги Берлин, Париз, Лондон и Мадрид, како и помалите градови и во американските градови Њујорк, Вашингтон, Бостон и Лос Анџелес.