И покрај кривичната пријава во петокот, ноќниот клуб „Аватар“ и вчеравечер одржал голема забава со музика во живо
Во Струмица два дена по ред имало големи забави организирани во ноќен клуб во кој се собрале голем прој посетители без какво било запазување на здравствените протоколи.
Иако има забрана за работа на ноќните клубови, во Струмица во клубот „Аватар“ и во петокот и во саботата се одржале журки, пренесува А1он.
По првата забава во петокот, пазарниот инспекторат поднел кривична пријава, но и покрај тоа, синоќа се одржала нова забава со настап во живо.