Амбасадорот на Иран во Њу Делхи, Мохамад Фатали бил повикан на состанок со индискиот министер за надворешни работи Викрам Мисри. За време на состанокот, Мисри изразил длабока загриженост поради инцидентот во Ормускиот Теснец
Два брода под индиско знаме биле нападнати додека се обидувале да поминат низ Ормускиот теснец, пренесува Си-ен-ен. Повикувајќи се на извештаи на Организацијата за поморски сообраќај на Велика Британија, еден од капетаните на танкерот изјавил дека два мали воени брода на Иранската револуционерна гарда му се приближиле и почнале да пукаат. Според информациите, танкерот и неговиот екипаж се безбедни.
Амбасадорот на Иран во Њу Делхи, Мохамад Фатали бил повикан на состанок со индискиот министер за надворешни работи Викрам Мисри. За време на состанокот, Мисри изразил длабока загриженост поради инцидентот во Ормускиот Теснец.

Иранската војска претходно соопшти дека контролата врз теснецот е повторно засилена, додавајќи дека преминот на бродови ќе биде под строг надзор сè додека, како што наведуваат, продолжува американската поморска блокада.
Американскиот претседател Доналд Трамп, пак, упати предупредување до Техеран дека не можат да ги уценуваат САД со најавите за блокада на Ормускиот Теснец. Тој порача дека „добри разговори“ се во тек и дека сепак ситуацијата се развива добро.
„Тие одиграа мала игра, како што прават веќе 47 години. Не можат да нè уценуваат“,
кажа Трамп.
