Наместо да им се помогне на граѓаните во делот на енергетската сиромаштија, според ДУИ, МЕПСО на чело со Бурим Латифи плаќа пари за калемени рози за девет илјади денари по парче
Наместо да го подготви електроенергетскиот сектор за претстојната зима, прва активност на Бурим Љатифи, новиот директор АД МЕПСО, е реализирање на тендери за хортикултурно уредување, односно купување на цвеќе за сума од над 1 000 000 денари или над 15 илјади евра. Ова денеска на прес-конференција го соопштија од Демократската унија за интеграција (ДУИ) повикувајќи ги надлежните институции да постапат во врска со недомаќинското работење на државната компанија АД МЕПСО.

Во прилог од партијата ја споделија и рамковната спогодна за јавни набавки меѓу АД МЕПСО и фирма што работи на хортикултурни уредувања.
„Прва активност на новиот директор на МЕПСО, Бурим Љатифи, воедно и прв братучед на Изет Меџити е да купува цвеќе за сума од над 15 илјади евра. Братучедот на џентлменот Меџити уште пред да се запознае со неговите вработени, купи цвеќе. На оваа компанија главна цел и е енергетскиот сектор, а не купување цвеќиња за над 15 илјади евра, особено во време кога граѓаните не можат да си ги платата сметките за електрична енергија“,
велат од ДУИ.
Оттаму велат дека наместо да им се помогне на граѓаните во делот на енергетската сиромаштија, МЕПСО на чело со Бурим Латифи плаќа пари за калемени рози за девет илјади денари па парче.