Мерките за штедење електрична енергија стапија на сила од 1 септември, а беа донесени со владина одлука на 16 август и ќе важат до 31 март 2023 година. Целта е да се намали потрошувачката на електрична енергија за 15 отсто. Мерките се однесуваат на домаќинствата и компаниите како препораки, а за државните институции се задолжителни
Министерот за економија, Крешник Бектеши попладнево информираше дека според податоците во септември годинава споредено со истиот месец лани државните институции потрошиле за 18 отсто помалку електрична енергија.

„Според податоците за потрошувачка во септември 2022 споредено со истиот месец лани државните институции оствариле вкупно заштеда на електрична енергија од 18 отсто. Мерките за заштеда на електрична енергија кои ги донесе Министерството за економија, а се задолжителни за државните институции ги даваат резултатите“,
напиша Бектеши на својот фејсбук-профил.
Мерките за штедење електрична енергија стапија на сила од 1 септември, а беа донесени со владина одлука на 16 август, а ќе важат до 31 март 2023 година.
Целта на мерките за штедење е да се намали потрошувачката на електрична енергија за 15 отсто.
Мерките се однесуваат на домаќинствата и компаниите како препораки, а за државните институции се задолжителни.
Исклучување на декоративното осветлување на фасадите на јавните објекти и културните споменици, гаснење светилките кога има доволно дневна светлина, ладење со клими не помалку од 27 степени и греење на максимум 20 степени, исклучување на компјутерите по завршување на работните обврски, редовно менување на филтрите на грејните тела и клима уредите, печатење само на потребните материјали, замена на прозорците со енергетски ефикасни, се само дел од обврските кои државните институции мора да ги спроведат.