ГТЦ „Глобал“ Струмица што беше опожарен на 2 јануари годинава
Органите на државната управа, јавните претпријатија основани од државата, акционерските друштва во државна сопственост, агенции, фондови, бироа, заводи, управи и сите останати државни институции, на единиците на локалната самоуправа, јавните претпријатија и другите правни лица основани од единиците на локалната самоуправа, како и на приватниот сектор, во рамки на своите финансиски можности да донираат средства на Здружението на граѓани „Обнова на Глобал“ – Струмица за обновување и реконструкција на опожарениот објект на ГТЦ „Глобал“ – Струмица.

Ова е препораката од Владата, која на денешната седница го прифати доставениот повик за донација од Здружението на граѓани „Обнова на Глобал“ – Струмица.
И Здружението на граѓани „Обнова Глобал“ – Струмица ги повика сите заинтересирани правни и физички лица и здруженија, државни институции и органи и единици на локалната самоуправа, согласно своите финансиски и материјални можности да донираат во санирањето на последиците, обновата и реконструкцијата на ГТЦ „Глобал“ Струмица што беше опожарен на 2 јануари годинава.
За донациите е отворена посебна жиро сметка: 270074779880184 депонент на ХАЛК Банка АД Скопје.
„Паричните средства ќе бидат наменети за санирање на последиците и за што поскоро пуштање во употреба на ГТЦ ‘Глобал’ – Струмица, а со самото тоа и овозможување на повторна егзистенција на стотици граѓани од Струмица и од другите соседни општини“,
се вели во соопштението.
