Советот на Град Скопје го поништи и изборот на германската компанија „Шолц“ за приватен партнер во Дрисла. Фирмата не регистрирала правно лице во земјава во рок од 30 дена од нејзиниот избор, што е услов за потпишување на договор со градот.

Одлуката доаѓа по долгиот судски спор кој заврши со раскинување на договорот со претходно избраниот партнер – италијанскот конзорциум ФЦЛ Амбиенте. Тоа се случи по пресуда на Вишиот управен суд. Со оглед на тоа дека сега сите потенцијални партнери се надвор од игра, Градот сега ќе ја искористи можноста „Дрисла“ да ја врати под сопствени ингеренции. Дали повторно ќе се бара приватен партнер, допрва ќе се анализира.