Демократската партија на Албанците (ДПА), денеска во Тетово одржа редовен состанок на Централното претседателство, а лидерот на партијата, Мендух Тачи пред почетокот на состанокот одржа брифинг со новинарите на кој посочи дека за предизборни коалиции се разговара само со Весел Мемеди од НДП.
Според Тачи нема дијалог со СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, а и не очекува да има поради големите разлики меѓу партиите.
Состанокот на Централното претседателство на ДПА се одржа во проширен состав со претседателите на ограноците и на него за шеф на изборниот штаб беше избран генералниот секретар Сали Ајдини.
Покрај шефот Сали Ајдини, за членови на изборниот штаб се избраа Луан Треси, Билал Ибиши, Раметула Кучи, Дритон Ибиши, Мусадик Бекири и Фатмире Исаку.