Сали Ајдини е новиот генерален секретар на Демократската партија на Албанците (ДПА) на Мендух Тачи. Партијата денеска одржа Централно собрание во Тетово и избра ново раководство, четворица потпретседатели и генерален секретар.
„Централното собрание за потпретседатели ги избра Фатмире Исаку, Валбона Тоска, Фејзи Џелили и Халил Красниќи, додека за генерален секретар Сали Ајдини“,
информираа од ДПА.
На почетокот на минатиот месец Мендух Тачи повторно беше избран за претседател на ДПА. Тогаш беа избрани и членови на Централното собрание кои денеска одлучуваа за изборот на потесното раководство на партијата.