Се укинува мерката за ограничен број на патници во сите превозни средства. Ова го препорача Комисијата за заразни болести, а Владата на денешната седница го изгласа предлогот.
„Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести да се одобри превоз на патници со максимален капацитет од 100% на сите превозни средства со максимално почитување на мерките и протоколите за заштита од ковид-19“,
информираат од владината прес-служба.
Превозниците се задолжуваат одговорно да ги спроведуваат и контролираат мерките за лична заштита заради превенција предвидени со протоколот за организирање превоз на патници.