При евентуална потреба за помош нашите државјани може да нè контактираат на дежурните телефонски броеви: +905456149777 во Истанбул и +38975273732 во Скопје, објавија од МНР
Досега наши државјани не побарале помош во дипломатските претставништва во Турција, информираше Министерството за надворешни работи (МНР), по големата експлозија што се случи на шопинг улицата кај плоштадот „Таксим“ во центарот на Истанбул.
Во вонредна функција се ставени и нашиот конзулат во Истанбул, и нашата амбасада во Анкара, а од МНР објавија и броеви на кои наши државјани може да побараат помош.
„Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија со крајно загриженост ја следи ситуацијата по последната трагична експлозија во Истанбул; во вонредна функција се ставени Генерален конзулат во Истанбул како и Амбасадата во Анкара. Информираме дека досега не се пријавени наши државјани кои побарале помош; притоа напоменуваме дека при евентуална потреба за помош нашите државјани може да нè контактираат на дежурните телефонски броеви: +905456149777 во Истанбул и +38975273732 во Скопје“,
порачаа од МНР.
Според последните информации од турските власти, причините за експлозијата засега не се познати, а досега е познато дека има шест загинати и 53 повредени лица.