На останатите гранични премини, како што информираат од АМСМ, нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Околу 40 минути до еден час е времето на чекање за влез и излез од државата на граничниот премин „Табановце“ на македонско-стрпската граница, а идентична е ситуацијата со чекањето за излез од државата и на граничниот премин „Богородица“ со Грција, информираат утрово од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Информацијата на АМСМ е заклучно со 6 часот утринава, но од камерите на Јавното претпријатие за држави патишта (ЈПДП), кои во реално време ја прикажуваат состојбата на граничните премини, може да се забележат долги колони на ГП „Богородица“ и по 9 часот. Од друга страна, на ГП „Табановце“, според снимките, состојбата по 9 часот е изменета и можат да се забележат само помал број возила.
На останатите гранични премини, како што информираат од АМСМ, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Оттаму велат дека интензитетот на собраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен, но се одвива непречено, по суви коловози.
Од Авто-мото сојузот на Македонија препоралуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено низ патиштата низ котлините, речните долни и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова особено се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница- Берово и Кочани – Делчево.
