Американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0250 долари, додека вчера во овој момент изнесуваше 1,0295 долари
На девизните берзи вредноста на доларот дополнително се зголеми, втор ден по ред.
Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 107,70 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 107,18 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 140,45 на 141,95 јени.
Американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0250 долари, додека вчера во овој момент изнесуваше 1,0295 долари.
Цените на нафтата, пак, благо пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово зајакна за 0,20 отсто, на 87,80 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,05 отсто, на 79,75 долари.
На азиските берзи денеска се тргува претпазливо, бидејќи инвеститорите стравуваат од нови ограничувања против ковид-19 во Кина, што може да доведе до дополнително забавување на растот на втората по големина економија во светот.
Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без Јапонија, порасна за 0,2 отсто околу 07:00 часот.
Истовремено, јапонскиот индекс Никеи зајакна за 0,7 отсто, додека цените на акциите во Австралија и Шангај пораснаа меѓу 0,6 и 0,7 отсто. Меѓутоа, во Јужна Кореја и Хонг Конг тие се лизнаа меѓу 0,5 и 0,8 отсто.