Докторката Нина Цаца Билјановска која што беше сменета од директорската позиција на Државната клиника за кожни болести поради тоа што на почетокот од епидемијата криеше дека била во Италија и имала симптоми на коронавирусот се врати на работното место, објави ТВ 24.
Поради тоа што постапи спротивно на препораките, обвинителството ја обвини за кривично дело пренесување заразна болест и предложи таа да биде казнета со 10 000 евра.
Таа беше меѓу првите пациенти во земјава за кои се потврди дека се заразени со новиот коронавирус.