„Србија не е демократија. И додека не стане така, таа не треба да се смета за потенцијална членка на Европската унија. ЕУ има во своите редови доволно проблеми со автократските лидери“, оценува во коментарот Дојче Веле.
„Србија не е демократија и преговорите за нејзино членство во ЕУ треба да бидат прекинати се додека е на власт Александар Вучиќ, кој преживува на власт користејќи ги методите на неговиот ментор Слободан Милошевиќ и брутално ја задушува опозицијата и ги контролира медиумите и судството,
пишува во коментарот на Дојче веле.
Српскиот претседател Александар Вучиќ претпочита да верува дека странски сили стојат зад масовните демонстрации, отколку да признае дека тие се израз на незадоволство од неговата влада и затоа шири теории на заговор, во ист стил како Слободан Милошевиќ.
Откако убедливo победа на „изборите“ кои ги бојкотираше опозицијата и сега контролира две третини од парламентарните места, Вучиќ нема објаснување за тоа како „странските агенти“ можат да контролираат десетици илјади луѓе ширум Србија.
Тој не именува ниту еден. Тој едноставно ги шири истите теории на заговор кои датираат уште од времето на владејачката југословенска Комунистичка партија, пишува Дојче Веле.
Според коментарот, „тоа го научил од неговиот ментор, поранешниот претседател Слободан Милошевиќ, кој исто така мутирал од комунист во националист“.
„Вучиќ, исто така, тврди дека е демократски владетел и ги усвои методите на неговиот ментор за да преживее на власт – задушувајќи ја опозицијата, ги презема медиумите и го држи судството под контрола“,
пишува во коментарот.
Во написот се вели дека тој, исто така, одговорил на демонстрациите со испраќање насилници, униформирани или провокатори во цивилна облека, кои, спротивно на тоа што го тврди, не само што не воздржуваа, туку тепале жени кои беа соборени на земја, па и деца.
„Домашните безбедносни сили веќе долго време се срам за државата Србија“,
смета Дојче Веле.
„Србија не е демократија. И додека не стане така, таа не треба да се смета за потенцијална членка на Европската унија. ЕУ има во своите редови доволно проблеми со автократските лидери“,
оценува во коментарот Дојче Веле.
Во текстот исто така се наведува дека германската канцеларка Ангела Меркел го поддржувала Вучиќ премногу долго и дека тоа може да фрли сенка на нејзиниот успешен мандат.
Кога Германија го презеде претседателството со ЕУ, убави зборови за владеењето на правото и демократијата можеше да се слушнат од Меркел, пишува Дојче Веле.
„Сепак, зборовите не се дозволени. Потребна е акција. Преговорите за пристапување на Србија треба да бидат прекинати се додека Вучиќ е на власт. Претставниците на ЕУ треба да повикаат на независна истрага за бруталните напади на демонстрантите. Ако Србија одбие да соработува, на нејзините министри треба да им биде забранет влез во ЕУ”,
нагласува Дојче Веле во коментарот.