Дојавите за поставени експлозиви биле испратени на електронските адреси на училиштата
Две скопски училишта утринава добиле дојави за поставени бомби во своите објекти, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). Дојавите за поставени експлозиви биле испратени на електронските адреси на училиштата.

„Веднаш се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки и утврдено е дека се работи за лажни пријави“,
информираат од МВР.
На 7 февруари годинава до училиштата низ земјава стигнаа над 240 лажни дојави за поставени бомби.