Досега МВР информира дека дојави за поставени бомби денеска беа испратени до три училишта во Битола, две училишта во Тетово и седум училишта во Скопје
Откако дојави за поставени бомби утринава испразнија дел од училиштата во Скопје, Тетово и Битола, заканувачки пораки за поставени бомби денеска првпат стигнаа и до две училишта во Прилеп и едно училиште во струшкото село Подгорци, потврдија за „360 степени“ од Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“,
соопштија од МВР.
Досега МВР информира дека дојави за поставени бомби денеска беа испратени до три училишта во Битола, две училишта во Тетово и седум училишта во Скопје.
Дел од скопските училишта кои денеска добија дојави за бомби според информации на „360 степени“ се „Орце Николов“ и „Никола Карев“, а во Битола станува збор за основните училишта „Стив Наумов” и „Тодор Ангелевски”.