Закани за бомби изминатите денови српските власти добивале и од нивни граѓани, а според објавените податоци, за четири дена МВР процесуирано осум лица, српски државјани
Српските истражни органи досега идентификуваа локации на вкупно 19 адреси на електронска пошта од кои се праќани дојавите за наводно поставени бомби на различни места низ Србија, соопшти вечерва српското МВР, јавува Нова ТВ.
Една од адресите е од сервисот „Протон Имејл“, а 18 се од „Гмаил“.
Според објавата од српското МВР, утврдено е дека осум од дојавите стигнале од Полска, четири од Гамбија, две од Иран и Нигерија и по една од Украина, Словенија и Русија.
За да се идентификуваат испраќачите на овие пораки, а со оглед дека се странски државјани кои не живеат во Србија, српските власти ќе спроведат меѓународна размена на податоците преку Европол и Интерпол со останати држави, како и со компанијата „Гугл“.
Закани за бомби изминатите денови српските власти добивале и од нивни граѓани, а според објавените податоци, за четири дена МВР процесуирано осум лица, српски државјани. Двајца од нив се уапсени, а против шест малолетници се поднесени кривични пријави.
Од 11 март до денеска телефонски или преку електронска пошта, до различни институции во Србија стигнаа стотина дојави за наводно поставени бомби на јавни места и во објекти, како трговски центри и бројни училишта, мостови, плоштади итн.
Photo: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC