Учениците се евакуирани и се чека официјална информација од Министерството за внатрешни работи во колку училишта се пристигнати закани за поставени експлозивни направи
Трет ден по ред учениците наставниците и останатиот персонал во повеќе скопски основни и средни училишта се евакуирани поради пристигнати дојави за наводно поставени експлозивни направи.

Од Министерството за внатрешни работи засега нема официјална потврда за колку училишта станува збор, но според информациите на „360 степени“ дојави има во неколку училишта во општините Центар и Аеродром.
Денешните дојави неофицијално пристигнале во гимназиите „Никола Карев“, „Орце Николов“, „Јосип Броз Тито“, „Раде Јовчевски Корчагин“, основните училишта „Гоце Делчев“, „Христијан Тодоровски Карпош“ и „Димитар Миладинов“.
Заканите за наводно поставени бомби пристигнале уште за време на првите училишни часови.
Нема информација дали учениците денеска ќе продолжат со наставата од далечина, односно онлајн.