Додик на митингот во Бања Лука ги повтори своите тврдења дека е сигурен победник на изборите и дека ултимативно бара враќање на сите овластувања кои претходно се префрлени на државно ниво, или Република Српска ќе го почне патот за отцепување од Босна и Херцеговина
Членот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, на митинг во Бања Лука најави дека Република Српска сигурно ќе стане независна.
Во говорот пред своите приврзаници, кои беа со препознатливи националистички знаци и транспаренти со пораки за поддршка на митингот, Додик ги повтори своите тврдења дека е сигурен победник на изборите и дека ултимативно бара враќање на сите овластувања кои беа претходно префрлени на државно ниво, или Република Српска ќе го почне патот за отцепување од Босна и Херцеговина.
„Ќе одиме безбедно, но еден ден ќе заземеме 49 отсто (територија) од Босна и Херцеговина. Верувам во идеалот за самостојна и независна Република Српска“,
рече Додик додавајќи дека за овој план може да се потпре на сè поголем број пријатели во светот.
На покана на Додик, неговиот Сојуз на независни социјалдемократи (СНСД) го организираше пристигнувањето на бројни партиски активисти на централниот градски плоштад во Бања Лука како одговор на слични собири кои претходно ги организираа опозициските политички партии.
Главна причина за овие собири е спорот за тоа кој победил за претседател на Република Српска на изборите на 2 октомври. Централната изборна комисија (ЦИК) на БиХ ги објави прелиминарните резултати за сите други нивоа на власт, но гласовите за претседател на РС се уште се пребројуваат поради бројните забележани нерегуларности и се очекува да бидат завршени до четврток.
Додик упорно тврди дека убедливо победил на тие избори со разлика од најмалку 30 000 гласови, а опозицијата тврди дека нивната кандидатка Јелена Тривиќ е украдена.